Миовски: Нема поголема радост од голови во дресот на Македонија, ќе се бориме додека има шанса за првото место

Бојан Миовски ги постигна првите голови за Македонија, двапати беше стрелец против Гибралтар и вели дека е горд и дека нашиот национален тим ќе се бори за првото место во групата се додека има и теоретски шанси за подвиг.

„Имаше лоша почетна подлога за мечот по поразот од Грузија, но иако е Гибралтар, победата од 4:0 ни значи многу. Секако сум радосен и горд што постигнав два гола во дресот со националните обележја и од тоа нема поубав момент во фудбалската кариера. Ќе се бориме докрај, се додека има и теоретски шанси за првото место во нашата група“, изјави Миовски.

Тој доби шанса да биде стартер и постигна два гола, а на Македонија сега и треба подвиг во Грузија, на 23. септември и победа од четири гола разлика за да атакува на триумф против Бугарија три дена подоцна и сигурно да биде прва во четвртата група од Ц сегментот што би значело и промоција во повисок ранг во Лигата на Нации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести