Миовски незапирлив, трет меч по ред дава гол за Абердин

Бојан Миовски повторно постигна гол, на трет натпревар по ред за Абердин се запишува во листата на стрелците, но овој погодок беше доволен само за реми од 1-1 на неговиот тим на гостувањето кај Сент Џонстон.

Миовски вечерва погоди од пенал за водство од 1-0 во 62-рата минута, но подоцна домашните израмнија и спречија четврта победа на Абердин во последните пет кола.

Со 10 гола сезонава во шкотската Премиер лига, Миовски е на делба на второто место на листата на стрелци во моментов. Поефикасен од него во шкотската лига е само Шанкланд од Хартс со 13 гола.

- Оглас -

Најнови вести