Миовски погоди, Абердин се пласира во финалето од шкотскиот Лига куп (Видео)

Екипата на Абердин го совлада Хиберниан со 1-0 во полуфиналето на Лига купот на Шкотска и обезбеди пласман во големото финале. Најголем “виновник“ за ваквиот успех на Абердин е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој во 78-мата минута го постигна единствениот погодок на мечот.

Успехот на Абердин е уште поголем ако се знае дека е постигнат со играч помалку на теренот, откако Меккензи заработи исклучување во 75-тата минута.

Противник на Абердин во големото финале на шкотскиот Лига куп ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Хартс и Ренџерс кој ќе се одигра утре.

- Оглас -

Најнови вести