Миовски против Ренџерс даде гол во стилот на Јунајтед против Сити, но Абердин загуби по 120 минути драма (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја започна голгетерската низа и во 2023 година и тоа против шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Во меч од полуфиналето на Лига купот, Абердин загуби од Ренџерс со 2:1 и тоа во меч кој траеше 120 минути.

Миовски донесе радост за Абердин во 41 минута по акција на гостите која наликуваше на таа на Манчестер јунајтед вчера против Сити. Беше упатена топка кон Миовски, но тој беше во офсајд. Од втор план втрча Кенеди кој да собра топката, акцијата продолжи, а потоа по центаршутот, Миовски беше во дозволена позиција и погоди за 1:0.

Ренџерс стигна до 1:1 со голот на Џек во 61 минута, што беше резултат по 90 минути и мораше да се играат продолженија. Миовски беше заменет во 91 минута, а само три минути подоцна Ренџерс даде гол за 2:1 и на крајот стигна до финалето од Лига купот во Шкотска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести