Миовски решета за Абердин, погоди од пенал и е прв стрелец во Шкотска (Фото)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски пак е стрелец за Абердин, денеска од пенал во 41. минута против Ливингстон за 1:0 по првото полувреме.

Нашиот шпиц го постигна четвртиот гол за новиот клуб и сега е прв стрелец во шкотската Прва лига заедно со Кевин Ван Вин од Мадервел, кој исто така има четири погодоци по неполни пет кола.

 

- Оглас -

Најнови вести