Миовски: Среќен сум што го постигнав мојот прв европски гол, шансите во Европа мора да се користат

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и го спаси својот Абердин од пораз во Лигата на конференции.

Шкотскиот тим пред синоќа одигра 1:1 пред своите гледачи против Хелсински, а израмнувачкиот гол го постигна токму Миовски во 79-тата минута.

Ова е прв освоен бод за Абердин во Лигата на конференции, додека Миовски го постигна првиот гол во групната фаза на едно европско натпреварување, додека претходно двапати стрелаше во квалификациите за пласман во ЛК.

„Создадовме многу шанси, посебно во второто полувреме, кога бевме многу подобри и можевме да постигнеме уште два-три гола. Израмнувачкиот гол беше одличен момент да тргнеме по победата, потоа имавме уште една одлична шанса, но не ја искористивме. Во Европа едноставно мора да се користи секоја шанса. Секако, бодот не може да го отфрлиме, но искрено, малку сме разочарани од ремито затоа што имавме можност да победиме. Лично јас, среќен сум што го постигнав мојот прв европски гол. Како фудбалер работите за ваквите моменти, постигнав гол и среќен сум поради тоа“, изјави Миовски.

- Оглас -

Најнови вести