Миркуловски доби дрес во пресрет на последниот меч, цела сала обоена во македонското знаме (Фото)

Филип Миркуловски и дефинитивно вечерва го игра последниот меч во репрезентативната кариера. Пред мечот со Чешка, големиот борец доби дрес со бројот 13, кој му беше предаден од претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

По доделувањето на дресот на популарниот „Жути“, од грлата на околу 7.000 навивачи беше испеана македонската химна, а цела сала беше обоена во македонското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести