Мируваа 85 минути, па се разиграа во финишот (видео)

Аугзбург и Келн со реми при конечни 1-1 го комплетираа 30-тото коло во Бундеслигата. Двете екипи мируваа цели 85 минути пред да ги затресат мрежите на двете страни, а денес во ниту еден од трите меча од германскиот шампионат не победи домашен тим, откако Волфсбург славеше во Бремен со 1-0, а Унион и Шалке ремизираа.

Аугзбург можеше да дојде до триумф доколку Нидерлешнер го реализираше пеналот во 27-та минута. Неговиот удар го одбрани голманот Хорн, кој се оддолжи по направениот прекршок во казнената зона. Мразот го скрши Модесте во 86-тата минута и му донесе водство на Келн само неколку минути откако влезе во игра, а веќе во следниот напад домаќините израмнија преку Макс.

Келн и во петтиот меч по продолжувањето на сезоната во Бундеслигата не може да оствари триумф, додека Аугзбург останува на една победа.

 

- Оглас -

Најнови вести