Во Австралија има нов голем скандал, каде што очигледно Новак Ѓоковиќ има и големи противници, а се појави снимка на „Канал 7“, каде што водителите на програмата не знаеја дека одат во живо во етер, па го навредија најдобриот светски тенисер.
„Новак е голем лажго и расипан се*ко“ е само дел од разговорот на двајцата водители на програмата на „Канал 7“.
https://twitter.com/MadseaMaduca/status/1480889319057469443?s=20
Голем скандал кој ја покажува чудната нетрпеливост на дел од луѓето, во случајов на двајца водители на ТВ-програма, кон тенисерот кој е апсолутен рекордер во историјата на Отвореното првенство на Австралија со 9 титули.
Новак има многу проблеми со влезната виза во Австралија, дури беше и во хотел за мигранти во Мелбурн, а потоа беше ослободен со одлука на Федералниот суд, но сè уште не му е сигурен настапот на Отвореното првенство на Австралија.
За тоа дали визата му е валидна, ќе одлучува Имиграциското биро на Австралија, а се очекува Новак сепак да игра на турнирот од 17 до 30 јануари и да атакува на јубилејната 10-та титула во Мелбурн и да се обиде да стане рекордер со 21-ва гренслем-титула.
Моментно тој, Рафаел Надал, кој ќе игра во Мелбурн, и Роџер Федерер, кој е отсутен, имаат по 20 гренслем-пехари како корекордери на делба на врвот на вечната листа со најтрофејни тенисери на четирите гренслема.