Мистеријата се разрешува: Сала не сакал да се качи во авионот, некој го натерал

Мистеријата за трагедијата која пред две недели се случи во Англискиот канал (Ла Манш), кога исчезна авионот во којшто беше фудбалерот Емилијано Сала, полека се разрешува. По долга и детална претрага, беше лоцирано каде паднал авионот. Леталото Пајпер Малибу ПА-46 е пронајдено на 67 метри длабочина во Ла Манш, а во него е и едно тело. Во авионот освен Сала, бил само уште и пилотот Дејв Иботсон.

Истрагата која уште трае, сега е фокусирана на тоа зошто во последен момент бил заменет пилотот. Иако било договорено Дејв Хендерсон да биде пилот во леталото, авионот го управувал Дејв Иботсон, кој немал дозвола за комерцијални летови.

 

Еден од најдобрите пријатели на Сала, фудбалерот Максимилијано Дуарте, во интервју за аргентинска телевизија откри дека Емилијано едноставно не сакал да се врати назад со тој лет.

„Емилијано не беше тој кој одлучил да се качи во авионот. Комунициравме преку пораки и ми напиша „уморен сум, немав ни една минута одмор цел ден“. Ми напиша и тоа дека сака да остане во Нант и да се наспие „Не сакам да патувам денеска. Сакам да останам и да преспијам“. Ако Емилијано не сакал да патува, тогаш некој друг решил за тоа и тој треба да одговара за тоа. Во интерес на истрагата, повеќе од тоа не можам да ви кажам“, открил пријателот на Емилијано, Дуарте.

Се претпоставува дека падот на авионот може да биде поради грешка на пилотот или поради лошото време и ноќниот лет, едноставно авионот да смрзнал и на тој начин да се предизвикал падот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести