Мистериозен вирус „покоси“ осуммина играчи на Полска пред мечот со Летонија

Полска одлично стартуваше во квалификациите за ЕП 2020 година, откако на гости со 1:0 ја победија Австрија. Вечерва следува нов предизвик за Полјаците. На свој терен ја пречекуваат Летонија, во дуел од Г групата, каде што е и Македонија.

Иако се очекува триумф на Полска, домаќините имаат неочекуван проблем. Мистериозен вирус „нападна“ дури осум фудбалери на оваа репрезентација.

„Се работи за епидемија. Првите проблеми ги имаше Милик, пред мечот со Австрија. Сега, многу играчи ги имаат истите симптоми. Дури осуммина фудбалери се жалат на истите симптоми“, се вели од официјалното соопштение на репрезентацијата на Полска.

Меѓу оние кои се зафатени од вирусот е и напаѓачот Кжиштоф Пјонтек, кој го даде единствениот гол на гости кај Австрија во победата од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести