Митревски кариерата ја продолжува во Порто

Репрезентативниот голман Никола Митревски кариерата ја продолжува во редовите на португалскиот првак Порто. По една мината сезона во дресот на Еурофарм Работник, битолчанецот одлучи повторно да замине во странство, односно да се врати во Португалија, каде што порано ги бранеше боите на Бенфика.

Митревски имаше понуда и од Вардар, но учеството во Лигата на шампионите одлучи да го оствари со Порто. Инаку соработката ќе му важи две години.

- Оглас -

Најнови вести