Млад е ќе научи: Бенфика го смета за идна голема ѕвезда, против Ница сам се „фаулираше“ и се посрамоти (Видео)

Пауло Бернардо е новиот фудбалски бисер на Бенфика, но вчера се посрамоти со комичен потег на пријателскиот меч со Ница.

Бернардо кој има само 20 години излезе сам пред голманот на францускиот тим и кога требаше само рутински да ја затресе мрежата се сопна од тревата и падна во многу смешна ситуација.

Paulo Bernardo (Benfica) funny miss vs Nice from soccer

 

Бернардо лани ја играше првата сезона за А тимот на Бенфика, откако претходно во 2020 година со препорака на тренерот на резервниот тим, Ренато Паива беше префрлен во сениорскиот состав.

Паива го нарече идната голема ѕвезда на Бенфика, но иако е млад и има само 20 години, вчера против Ница се посрамоти со потегот во 60. минута.

Мечот заврши со победа на Орлите од Лисабон со 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести