Младата 20-годишна ѕвезда на Борусија обезбеди питка вода за 20.000 луѓе во земјата на неговиот татко

Во најголем дел од првенствата во Европа во тек е зимската пауза, а голем дел од фудбалерите тоа го користат да заминат во своите родни места. Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е роден во Германија, но тој не го заборава местото од каде потекнува неговиот татко, Нигерија.

Адејеми замина во Нигерија каде продолжи со хуманитарна работа, која ја започна пред три години. Младиот 20-годишен фудбалер на Борусија Дортмунд веќе има донирано за изградба на зграда во која сега живеат 96 млади фудбалери. Сите соби се климатизирани, има соблекувални и е во близина на новоизградениот стадион.

Во најновата хуманитарна акција на Адејеми, обезбедил битка вода за 20.000 луѓе.

„Моето срце е од тука. Ова е земјата на мојот татко и неговото срце уште е тука во Нигерија. Уживам кога ќе видам деца како играат фудбалер на улица и веднаш им се приклучувам. сакам да помогнам на оваа заедница“, рече Адејеми.

- Оглас -

Најнови вести