Младата ѕвезда на Челзи уапсена за наводно силување

Крилниот офанзивец на Челзи и англиската репрезентација Калум Хадсон-Одои вчера бил приведен во раните утрински часови од страна на полицијата поради обвинение за силување девојка, која некое време претходно завршила во болница по стекнати повреди.

Полицијата го уапсила Хадсон-Одои од неговиот дом, а денес излезе од притвор откако била платена кауција. Настраданата девојка била гостинка на Англичанецот која пристигнала кај него дома вечерта пред да се случи инцидентот.

Од Челзи засега немаат коментар во врска со нивниот фудбалер. Инаку, 19-годишниот Хадсон-Одои беше првиот фудбалер во Премиер лигата кој се зарази со ковид-19, меѓутоа брзо и лесно го надмина вирусот.

- Оглас -

Најнови вести