Младински репрезентативец на Македонија го продолжи договорот со Партизан

Македонскиот фудбалер роден 2000 година и член на репрезентацијата за играчи до 21 година, Марко Симуновиќ, го продолжи договорот со белградски Партизан, но до крајот на сезонава десниот бек ќе игра како позајмен за Телеоптик од Земун, клуб кој е филијала на Партизан.

Симуновиќ е роден во Белград и првите фудбалски чекори ги направи во школата на Вардар, а како тинејџер пристигна во младинските категории на Партизан во 2015 година. Беше на позајмица во јуниорскиот тим на португалскиот Сетубал и во Раковица, а во претходниот период настапуваше за Телеоптик и за У-19 тимот на Партизан.

Црно-белите не објавија на колку години е договорот со нашиот талент, само дека до крајот на сезонава ќе биде на „калење“ во Телеоптик.

- Оглас -

Најнови вести