Младинците им ги расипаа сметките на Украинците

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година во Скопје одигра 1-1 против Украина во квалификциите за ЕП 202. Избраниците на Драган Канатларовски треба да бидат позадоволни од резултатот бидејќи гостите беа многу опасни.

Сирота во 43-тата минута донесе водство за Украина, изедначи Томче Гроздановски (играч на хрватскиот второлигаш Дугопоље) во 58-мата минута.

Двете селекции, особено Украинците, кои ги погодуваа и рамките на голот, имаа шанси кои можеа да им донесат победа, па гостите мора да се помират со првото реми во овие квалификации, а за Македонија ова е трет нерешен резултат во петте кола.

Украина сега има 10 бода од пет меча, а Македонија е на 6 бода. Франција има 10 бода, но од четири средби. Французите на 16 ноември гостуваат во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести