Младинците имаат негатива на полувремето, пехарот ќе го “бркаме“ во вториот дел

Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години има негатива на полувремето во финалето од Европското првенство – Б дивизија против Чешка од 26-35.

Македонија веќе ја оствари целта што беше поставена, а тоа е обезбедениот пласман во А дивизијата, но нашите кошаркари во второто полувреме ќе го “бркаат“ и трофејот и тоа да биде круна на одличниот настап на првенството.

Во текот на првото полувреме гостите од Чешка се во континуирано водство, кое во финишот на втората четвртина изнесуваше 12 поени, односно 33-21 за Чешка.

Најефикасни во нашата репрезентација после првиот дел се Теодор Симиќ со 9 поени и Филип Наков со 4. Кај противникот најпрецизен е Симон Свобода со 8 поени.

- Оглас -

Најнови вести