Младинците против Бугарија играат за пласман во четвртфиналето на ЕП во Скопје (Фото)

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години денес во 18:30 часот го игра клучниот натпревар од кој ќе зависи пласманот на Европското првенство – Б дивизија во Скопје и можноста да се обезбеди учество на континенталниот собир следната година.

Противник на нашите кошаркари ќе им биде селекцијата на Бугарија, која е непоразена во досегашниот тек од првенство и е на првата позиција во групата. Неочекуваниот пораз од Чешка во првото коло ја стави репрезентацијата на Македонија во незавидна позиција и сега не само што ни е потребна победа, туку таа ќе мора да биде остварена најмалку со четири поени за да го освоиме второто место во групата и да се пласираме во четвртфиналето. Доколку пак победиме со девет разлика, тогаш ќе го освоиме првото место и во четвртфиналето ќе ја избегнеме Португалија, која е непоразена во групата Б.

Според квотите во Sport Life, репрезентацијата на Бугарија е благ фаворит со квота од 1.63, но доколку одиграте патриотски на Македонија, тогаш квотата изнесува 2.35.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести