Младинците тренираа во Белград, ќе одат на сè или ништо против Србија (Фото)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија го имаше првиот тренинг во Белград, на комплексот терени на Фуддбалскиот сојуз на Србија, пред мечот со домашната селекција задутре од 17 часот.

На стадионот на Вождовац, избраниците на Драган Канатларовски ќе одат на победа, или на сè или ништо во обидот да се доближат до второто место на кое е Украина со 13 бода по шест кола, 7 повеќе од нас.

До крајот на квалификациите за настап на следното Европско првенство има уште четири кола, а и Македонија и Србија, која е зад нас на табелата со пет бода, имаат мали шанси за настап на ЕП, освен ако Украина не се откаже поради воената состојба во земјата.

На четири кола до крајот на квалификациите во нашата група, прва е Франција со 16 бода, пред Украина со 13, Македонија и Фарски Острови со по шест, Србија со пет и Ерменија со три бода.

Првопласираната репрезентација ќе игра на ЕП, најдобрата второпласирана селекција од сите групи исто така е директен учесник на шампионатот, а сите останати втори селекции ќе играат бараж.

- Оглас -

Најнови вести