Младиот фудбалер на Челзи целосно го надмина Коронавирусот

Калум Хадсон-Одои победи во битката против Коронавирусот и целосно е излечен, потврди неговиот менаџер Френк Лампард. Англискиот стратег преку видеоинтервју зборуваше за официјалната веб-страница на Челзи, кој додаде дека Калум немал многу тешкотии затоа што навреме се реагирало.

Инаку, 19-годишниот Хадсон-Одои беше првиот играч од Премиер лигата кој беше позитивен на вирусот Ковид-19.

„Разговарав со него во првата недела од лекувањето, мило ми е што немаше тешкотии и целосно закрепна“, истакна Лампард.

Пред прекинот на Премиер лигата, Челзи стоеше на четвртото место на табелата со 48 бода по 29 одиграни натпревари, додека Хадсон-Одои настапи на 17 од нив во кои реализира еден гол и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести