Младиот фудбалер раскажува како останал жив 94 часа под урнатините: Јадев од цвеќето на мајка ми

Младиот 17-годишен фудбалер на Газијантеп, Мухамет Коркут е еден од хероите кои успеа по четири дена поминати под рушевините, да се спаси од разорниот земјотрес во Турција.

Коркут беше спасен, а потоа опиша како го поминал периодот од 94 часа под урнатините.

„Лежев меѓу урнатинтие во дневната соба. Беше многу ладно, но успеав да најдам ќебе и да се покријам и да се стоплам, но нозете ми се смрзнуваа. Телефонот го пронајдов кога ми се активираше алармот. Потоа го наместив да ѕвони на секои 25 минути, за да можам да останам буден. Очајнички ги чекав спасувачите кога наеднаш слушнав гласови. Се обидов да викам, но немав сили. Земав и еден стап да удирам, но и тој се скрши. За среќа, малото куче кое го чувавме, почна да лае и спасувачите него го слушнаа“, раскажува спасениот тинејџер.

Откако Коркут бил пронајден, на спасувачите им биле потребни уште пет часа за да го извлечат.

„Стомакот ми беше празен. Јадев од цвеќето на мајка ми за да го ублажам гладот. Бев и многу жеден. Фала му на Господ што луѓето ме најдоа. Кога ја видов светлината, тие ме прашаа дали можам да дојдам до таму, но бев заглавен. Поминаа уште пет часа додека ме извлечат“, младиот фудбалер ја опишува голготата.

Повеќе од 24.000 луѓе досега загинаа во разорниот земјотрес кој се случи во понеделникот рано наутро во областа во близина на турско-сиријската граница.

- Оглас -

Најнови вести