Младиот Кузмановски е меѓу ракометната елита по првото коло, нека продолжи така и денеска (ФОТО)

Цветан Кузмановски имаше фантастичен натпревар против Словенија постигнувајќи осум погодоци.

Со тоа, нашата ракометна иднина се вивна меѓу европската елита по првото коло кое вчеравечер се комплетираше.

Кузмановски со осумте постигнати гола е на делба на четвртотто место кај листата на стрелците, а поефикасни од него се само Кај Смитс од Холандија со 11 гола, легендарниот Микел Хансен со 10 погодоци и Сергеи Марк Косоротов со девет дадени гола.

Но, импресивна е прецизноста на Цветан кој на првата средба шутираше со импозантен процент од 88.89 одсто прецизни удари. Во таа статистика, пак од тие што се над него според бројот на головите, подобри од него се само Хансен (90.91%) и Косоротов со точно 90 одсто од ударите.

Нам ни останува дека крилото денеска ќе има уште една фантастична претстава на шампионатот и дека ќе ја предводи Македонија кон првата победа на ова ЕП.

- Оглас -

Најнови вести