Младите фудбалери квалификациите за ЕП ги започнуваат на Денот на независноста, и тоа на гости кај Шведска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со дуелот на гости кај Шведска ќе ги започне квалификациите за пласман на ЕП 2025 година што ќе се одржи во Словачка.

Натпреварот треба да се одигра на еден од најважните датуми во историјата на Македонија, на 8 септември, кој е Ден на независноста.

Во второто коло, кое треба да се игра четири дена подоцна, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ја пречекаат селекцијата на Холандија, која е најголем фаворит за освојување на првото место во групата.

Покрај Шведска и Холандија, противници на младинците во групата Ц се и селекциите на Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Директен пласман на ЕП во Словачка ќе обезбедат првопласираните селекции во деветте групи, како и трите најдобри второпласирани репрезентации.

Останатите шест втори селекции од групите ќе играат баражи за уште три места за учество на ЕП 2025.

Комплетен распоред на натпревари:
Шведска – Македонија (8 септември 2023)
Македонија – Холандија (12 септември 2023)
Молдавија – Македонија (17 октомври 2023)
Македонија – Грузија (16 ноември 2023)
Македонија – Гибралтар (21 март 2024)
Македонија – Шведска (26 март 2024)
Холандија – Македонија (5 септември 2024)
Гибралтар – Македонија (9 септември 2024)
Македонија – Молдавија (11 октомври 2024)
Грузија – Македонија (15 октомври 2024)

- Оглас -

Најнови вести