Младите фудбалери ремизираа против Ерменија, следната контрола е против Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија со 21 година ремизираше 1:1 против Ерменија во пријателскиот меч кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Дуелот со Ерменија, како и тој со Малта, кој ќе се игра пет дена подоцна, се последна проверка на избраниците на селекторот Драги Канатларовски пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП 2025.

Македонија поведе со голот на Луан Абази во 30-тата минута, со што ја круниса подобрата игра во првиот дел.

Селекторот Канатларовски во второто полувреме го промени целиот тим и шанса им даде на сите фудбалери, а Ерменците беа поконкретни и успеаја во 53-тата минута да израмнат преку Калукјан.

Во финишот, во 85-тата минута, Македонија имаше одлична шанса, но Крстевски не успеа да ја затресе мрежата.

Вториот пријателски натпревар младите фудбалери ќе го играат за пет дена против селекцијата на Малта.
Избраниците на селекторот Канатларовски квалификациите за пласман на ЕП ќе ги стартуваат во септември против Шведска.

- Оглас -

Најнови вести