Младите фудбалери се пред голем успех: Казахстан е шанса која не смее да се пропушти (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години денес со почеток во 15:30 часот во Полска го игра одлучувачкиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство. Наш денешен противник е аутсајдерот во нашата група, селекцијата на Казахстан, шанса која избраниците на селекторот Тони Јакимоски не смеат да ја пропуштат.

Македонија одигра одлични квалификации. На стартот го победи домаќинот Полска со 2-0, а во второто коло по голема борба бевме поразени од светската велесила Германија со 3-1, со два погодоци во финишот од мечот откако претходно успеавме да израмниме на 1-1.

Нашата репрезентација е голем фаворит и според квотите во Sport Life. Квотата за победа на Македонија 1.42, но со оглед на тоа дека Казахстан прими девет погодоци на првите два натпревари, одлична квота од 1.87 има за играта 2 & 3+, односно Македонија да победи и на натпреварот да бидат постигнати најмалку три погодоци.

- Оглас -

Најнови вести