Младите храбро се бореа, а на крајот несреќно загубија од ѕвездената Франција

Младата репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Франција со 0:1 во рамките на шестото коло од групата Х, во квалификациите за ЕП 2023 година.

Нашите момци прикажаа одлична борба против ѕвездениот опонент, кој е посилен и од голем број сениорски репрезентации.

Стрелец на несреќниот гол за нас беше Пјер Калулу во 75-тата минута, откако најпрвин се обиде да ја додаде топката на пет метри, но таа дојде до нозете на несреќниот Манев, кој пак му ја врати во нозе на играчот на Милан, кој беше успешен реализатор.

Опонентот имаше многу повеќе шанси, додека момците на Канатларовски ја чекаа својата шанса преку контранападите.

Таква една дојде кон крајот на првиот дел, каде што Илиевски излезе еден на еден против голманот Мелие, но тој беше поуспешен во овој дуел.

Нашата селекција со овој пораз остана на бројката од шест бода и е на делба на третото место.

Французите се лидери со 16 бодови.

Следниот меч момците на Драган Канатларовски го играат на 24 март, кога опонент ќе ни биде Србија.

- Оглас -

Најнови вести