Младите немаат избор, мора да се оди на јуриш и победа против Украина

Денеска е ден за уживање со многу важни два меча за две македонски репрезентации, а младите фудбалери до 21 година од 13 часот ќе се обидат да најават и пријатни моменти за љубителите на фудбалот во Македонија и со победа против Украина да се доближат до првите две места во Х групата на патот кон ЕП 2023, но и на прекрасен начин да го најават и мечот на сениорите во Ереван против Ерменија од 18 часот.

Избраниците на Драган Канатларовски немаат избор и мора да одат на јуриш, на победа против Украина, бидејќи секој друг исход на игралиштето на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ би значел збогување со шансите да играме на ЕП, што за две години ќе го оргзанизираат Романија и Грузија.

Моментно сме на третото место со 5 бода, а пред нас се Франција со 10 бода и токму Украина со 9, во исклучително тешка група во која се и Ерменија, Србија и Фарски острови.

На гости ни се Украинците, селекција која ја паметиме по добро од 2016 година, кога на многу чесен начин одиграа во последното квалификациско коло од тогашниот циклус за младинското ЕП во Полска, го победија Исланд со 4:2, иако играа ревијален меч и ја испратија Македонија на историското ЕП, прво за наша селекција во која било категорија.

Гостите сигурно ќе бидат дочекани со аплаузи, но на терен Македонија ќе оди на победа, на меч на кој гостите се фаворити.

Канатларовски имаше доста проблеми при изборот на играчи за овој и за следниот меч со Франција исто така во Скопје, на 16 ноември, но тука веќе нема простор за жалби, проблеми, туку мора да се освојуваат бодови ако сакаме да останеме во конкуренција за едно од двете први места што можат да нè одведат на второ Европско првнство за фудбалери до 21 година.

 

- Оглас -

Најнови вести