Младите „панцери“ сигурно ја почнаа одбраната на титулата

Актуелните шампиони на ЕП за млади, селекцијата на Германија со сигурна победа од 3-1 над Данска ја започна одбраната на титулата. Сосема заслужено младите „панцери“ ги освоија трите бода, кои ги донесоа Рихтер и Валдшмит. Играчот за врска на Аугсбург во два наврати ја тресеше мрежата на противникот, а по малку повеќе од еден час игра беше јасно дека Данците ќе бараат победа дури во наредниот натпревар.

Сков од белата точка во 73-тата минута го ублажи поразот на својот тим.

Претходно во 18:30 часот, од групата Б играа и останатите две селекции, а Австрија со головите на Волф и Хорват ја совладаа селекцијата на Србија. Иако на хартија „орлите“ беа фаворити, Австријците ги искористија своите шанси за да дојдат до првите бодови на шампионатот.

Црвениот картон кој го заработи Јовановиќ во 75-тата минута создаде дополнителни проблеми кај српската селекција, а набрзо потоа следуваше казната за конечни 2-0.

- Оглас -

Најнови вести