МЛС повторно се проширува

Сакраменто републик ќе биде 29-тиот член на МЛС-лигата. Оваа калифорниска франшиза ќе се приклучи на натпреварување почнувајќи од сезоната 2022, па овој клуб ќе биде 19-ти по ред кој пристапува во МЛС-лигата од 2005 година, па наваму. Сопственици на клубот се Рон Буркл, косопственикот на НХЛ-тимот Питсбург пингвинс, како и филмскиот продуцент Мет Алварес.

Од оваа сезона во Лигата се приклучи Синсинати ФЦ, во новата сезона ќе има две нови екипи – Нешвил и Интер Мајами на Дејвид Бекам, додека од 2021 година и Остин ќе биде дел од најелитната фудбалска лига на САД. Една година подоцна ,заедно со Сакраменто во лигата ќе се приклучи и Сент Луис, па МЛС во 2022 година ќе брои 29 учесници .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести