Многу драма во Монте Карло: Хамилтон прв ја помина целната линија пред Верстапен, а вториот остана без место на пиедесталот

Луис Хамилтон успеа да помине прв низ целта на трката во Монте Карло, пред Макс Верстапен. Во драматичен финиш британскиот возач успеа да го одбие нападот на Верстапен и на крајот да заврши прв. Верстапен кој заврши како втор, сепак на крајот нема да биде на подиумот, иако доцнеше само 0,6 секунди зад победникот. Тоа е така затоа што Верстапен уште во првиот дел од патеката беше казнет со пет секунди, поради еден инцидент.

Со додадените пет секунди на времето на Верстапен, тој падна на четвртото место, а профитираа Фетел и Ботас кои се најдоа на пиедесталот, веднаш до победникот Хамилтон. Британецот оваа победа ја посвети на легендарниот Ники Лауда кој неодамна почина.

„Ова беше најтешката трка која некогаш сум ја имал. Се борев со духот на Ники. Тој има голема заслуга за тоа каде што сме. Се трудев да го направам горд. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил. Возев со многу амортизирани гуми, но успеав“, рече Хамилтон, по 77-та победа во кариерата.

Во генералниот пласман Хамилтон е лидер со 137 бодови, пред Ботас со 120, а потоа следуваат Фетел со 82, Верстапен 78, Леклер 57,…

- Оглас -

Најнови вести