Многу натпревари на отворено на Олимписките игри ќе бидат прекинати во вторник!?

Тајфунот Непратак се доближува до Токио, и се очекува во вторник својата сила да ја демонстрира во и околу главниот град на Јапонија, и тоа им прави голем проблем на организаторите на Летните олимписки игри.

Временските услови во Токио и деновиве се далеку од идеални, максималната температура е од 30 до 32 степени, но поради големата влажност, условите се исти како да е 44 степени некаде каде има нормална и ниска влажност на воздухот. Од друга страна, во салите каде што се игра ракомет, кошарка, внатре температурата е само 16 степени, и кога излегуваат надвор, спортистите ги чека температурен шок.

Тропскиот тајфун кој треба да стигне задутре, ќе донесе многу силен ветер од над 100 километри на час, и обилни врнежи на дожд. Ќе предизвика и огромни бранови, а на тоа се радуваат учесниците во сурфање, но ветерот е проблематичен.

Веќе се одложени натпревари во веслање, а можно е да се одложат и други спортови на отворено.

- Оглас -

Најнови вести