Многу од фановите на Манчестер јунајтед го мразат, а Погба со еден потег покажа колку го сака клубот

Пол Погба налето ќе го напушти Манчестер јунајтед како слободен агент, а пред неколку дена тој доби понуда да се приклучи кон големиот градски ривал, Манчестер сити.

Иако многумина од навивачите на Манчестер јунајтед го мразат Погба поради тоа што неретко на теренот прави глупости и се однесува незаинтересирано, тој со еден потег покажа колку го почитува клубот.

Французинот ја одбил понудата на Манчестер сити со образложение дека нема да игра за ниту еден друг англиски тим во својата кариера освен Манчестер јунајтед.

Така, главни фаворити за неговиот потпис остануваат Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид, кои ќе водат голема „битка“ налето. Погба во Манчестер јунајтед дојде во 2016 година, во трансфер вреден над 120 милиони евра токму од екипата на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести