Многу се очекуваше, малку покажаа – Големото дерби на Англија беше скромно и без голови

Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа скромно на најголемото англиско дерби и мечот на „Енфид Роуд“ заврши без голови и без победник.

Двете најтрофејни екипи во Англија имаа по неколку шанси, најдобрата беше на Пол Погба во 82. минута за победа на Црвебите ѓаволи, но Алисон Бекер одбрани за реми.

Колку беше скромна претставата од која многу се очекуваше покажува податокот дека имаше само три жолти картони, премалку за ривалитет што тежи вкупно 39 шампионски круни, што заедно ги имаат Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Потрофејниот клуб, Манчестер јунајтед со 20 пехари успеа да го задржи и врвот на табелата со 37 бода, а Ливерпул кој има 19 шампионски круни во Англија падна на третото место со 34 бода, зад Јунајтед и Лестер, екуипа што има 35 бода.

На ремито на „Енфилд Роуд“ најмногу се радуваат играчите и навивачите на Манчестер сити, кои имаат шанса со победи на двата меча што им следат да го симнат градскиот ривал од врвот и да бидат први со 38 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести