Мнозинството прогнозери веруваат во победа на Арсенал и во пораз на новиот португалски првак

Предизвикот наречен 29-то коло од шестата сезона на популарната бесплатна игра Спортска пргноза на Sport Life веќе го искористија многумина играчи, а типувањето за колото трае до сабота во 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда.

На половина од рокот за прогнозирање се наѕираат тимовите фаворити на повеќето прогнозери, а еден од тимовите во кои верува мнозинството е Арсенал, кој викендов гостува кај лутиот ривал Тотенхем. Победа на Топчиите предвидуваат 70,19%, а само 12,8 отсто мислат дека ќе победат домашните.

Половина прогнозери типуваат победа на Јувентус против Милан, поголема е поделеноста кај другото италијанско дерби, Наполи – Рома, а малку над 50 отсто сметаат дека Порто ќе го совлада Спортинг Лисабон, додека помалку од една петтина прогнозери се изјасниле за победа на Спортинг, кој сезонава ќе биде првак на Португалија.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе погодат 12 пара, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести