Мнозинството прогнозери веруваат во победи на Реал и Манчестер сити, а Леверкузен им е аутсајдер во Дортмунд

Помалку од една петтина играчи на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, веруваат дека Баер Леверкузен може да победи во Дортмунд против Борусија, а истото важи и за Барселона на гостувањето во Мадрид кај Реал.

За третото големо дерби во 28-мото коло, дуелот на Манчестер сити и Челзи од ФА купот, дури 80 проценти од прогнозерите кои досега се изјасниле, типувале победа на Граѓаните во регуларниот дел од ова полуфинале, не се сметаат евентуалните продолженија.

Нешто повеќе од две третини типуваат триумф на Реал во Ел Класико.

Новиот шампион на Германија, Баер Леверкузен, нема пораз сезонава, а 44,27 отсто играчи на Спортска прогноза мислат дека ќе дојде крај на таа серија и дека Борусија ќе ги победи Фармацевтите. Само 16,5 проценти од играчите веруваат дека Баер ќе слави во ова бунделигашко дерби.

Типувањето трае до утре во 16 часот, а за погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со 11 погодоци добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести