Мнозинството жители на Германија го бојкотираат Мундијалот во Катар

Според една анкета во Германија, две третини од жителите на оваа земја се против тоа нивната репрезентација да настапи на претстојното Светско првенство кое во 2022 година ќе се одржува во Катар. Дури 65% од нив го бојкотираат Мундијалот, 26% немаат проблем со оваа тема, додека 9% се воздржани.

Причината за тоа е големиот број на жртви кои ги загубија животите работејќи на инфраструктурата во Катар. Досега се забележани околу 6.500 смртни случаи на мигранти од повеќе азиски земји кои на Блискиот Исток заминале со цел да заработат некој денар повеќе.

Катарската влада во меѓувреме ја уверуваше јавноста дека се направени големи промени со цел да се заштитат работниците, меѓутоа на дело тоа не се забележува. Сличен став околу Мундијалот се покажа во Холандија и Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести