Мо Салах се опушти во друштво на Алесандра Амброзио (Фото)

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, беше избран за маж на годината од страна на познатото списание „GQ“ (едиција за средниот Исток), па се најде на насловната страница, заедно со бразилската манекенка Алесандра Амброзио која е модна икона на годината.

Поранешната членка на „ангелите на Викторија Сикрет“, знаеше како да го опушти срамежливиот фудбалер кој за време на снимањето на реклама и фотосесиите, убаво се забавуваше, а доказ е и тоа што не ја тргна насмевката од лицето.

Кога се вратил дома, Салах веројатно морал да поднесе детален извештај пред неговата сопруга.

- Оглас -

Најнови вести