Модриќ чекаше 364 меча да даде таков гол, но кошмарот наречен пенал го спречи Реал да победи

Реал Мадрид ја прекина серијата од пет победи по ред играјќи 1:1 на гостувањето кај Елче во дуел од 16-тото коло во Примера дивисион. Кралскиот клуб поведе со голот на Лука Модриќ во 20-тата минута, кога Хрватот погоди со глава. За Модриќ ова беше прв погодок постигнат со глава во последните 364 натпревари.

Иако фаворитот водеше на полувремето, Елче не се предаде и на почетокот на вториот дел стигна до 1:1. Во 52-рата минута беше досуден пенал за домаќините, а Фидел беше прецизен од белата точка. Ова беше шести пенал досуден против Реал во последните девет меча во Примера. Претходно, против Реал за да бидат досудени шест пенали во Примера, беа потребни да се одиграат дури 65 натпревари.

По овој кикс, Реал сега заостанува два бода зад градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој е лидер на табелата. Атлетико вечерва славеше против градскиот ривал Хетафе. 

- Оглас -

Најнови вести