Симеоне со најочекуваната победа го прослави 500-тиот меч на клупата на Атлетико

Атлетико Мадрид продолжува со одличните резултати во шпанското првенство откако вечерва на свој терен минимално со 1:0 славеше против Хетафе во дуел на двата тима од главниот град на Шпанија. Луис Суарес погоди во 20-тата минута, гол што на крајот се покажа како доволен за нови три бода за Јорганџиите.

За Атлетико ова е 11-та победа во 14-тото коло и со 35 бода сигурно ќе заврши како лидер во првенството во 2020 година. Вечерашниот меч беше посебен за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој по јубилеен 500-ти пат беше на клупата на мадридскиот тим.

Интересно е што Атлетико со Симеоне како тренер никогаш нема примено гол во дуелите со Хетафе, а ова беше нивни 19-ти дуел (17 победи и две ремија). Со Симеоне на клупата, Атлетико дури 87 пати победил со минимални 1:0, па и не е чудо како вечерва резултатот беше 1:0. Втор најчест резултат на Атлетико е победа од 2-0 и така било дури 66 пати. Ова беше дури 260 натпревар на кој Атлетико не прими гол под водство на Симеоне.   

- Оглас -

Најнови вести