Модриќ е изненаден од понудата на Динамо, веќе се остварени првичните разговори

Топ тема во балканските медиуми, но и дел од светските, е понудата на Динамо Загреб до Лука Модриќ да се врати во Хрватска и кариерата да ја заврши таму каде што и ја почна.

Италијанскиот инсајдер, Лоренцо Лепоре, тврди дека веќе имало првични разговори помеѓу Динамо Загреб и Лука Модриќ, а не е тајна дека најголемата желба на новиот претседател на „модрите“, Велимир Зајец, е да го врати фудбалерот на Реал Мадрид во Загреб.

Договорот помеѓу Модриќ и Реал завршува на крајот од тековнава сезона, а според италијанецот, Модриќ својата одлука ќе ја соопшти во јуни. Според неговите информации хрватот немал ништо против да се врати во татковината и да ја заврши кариерата во Динамо Загреб, секако доколку биде постигнат прифатлив договор помеѓу двете страни.

- Оглас -

Најнови вести