Модриќ е првиот играч кој не ја „брани“ Златната топка

Лука Модриќ, играчот за врска на Реал Мадрид, е првиот фудбалер-добитник на престижната награда кој не се најде меѓу 30-те кандидати за оваа сезона. Ова се случува за првпат откако се доделува Златната топка на „Франс фудбал“ актуелниот освојувач да не биде во конкуренција за наградата.

Модриќ е фудбалерот кој лани ѝ стави крај на децениската доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Хрватот, како и целиот тим на Реал Мадрид имаа сезона за заборав, по што сосема е логично да не биде меѓу номинираните.

Дополнително, американскиот медиум „Бличер рипорт“ ги издвои 11-те играчи кои како и 30-те кандидати имаа солидна сезона зад себе, но не се најдоа во потесниот круг за индивидуалното одличје.

На голот е Јан Облак (Атлетико Мадрид), а дефанзивната четворка ја сочинуваат Мазрауи (Ајакс), Жарарт Пике (Барселона), Ајмерик Лапорт (Манчестер сити) и Енди Робертсон (Ливерпул).

Во средниот ред се Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Фабињо (Ливерпул) и Н’голо Канте (Челзи), а напаѓачката тројка се состои од Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд), Хакин Зијеш (Ајакс) и Луис Суарес (Барселона).

Интересно е што на листата од 30 кандидати нема Шпанци, ниту Италијанци, а овие две земји имаат силни лиги и како репрезентации играат одлично во квалифиакциите за ЕП 2020 и се меѓу најдоминатните во Европа.

https://twitter.com/brfootball/status/1186397291646717954?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1186397291646717954&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2Fworld-football

- Оглас -

Најнови вести