Модриќ не заборава, со убав гест им се заблагодарил на хуманитарците што му помогнаа во војната

Лука Модриќ со симболичен дрес, но и голем гест на благодарност им возврати на хуманитарците од „Мери милс“, кои му помогнаа со храна полесно да ги прегрми тепките мигови во војната во Југославија.

Приказната ја раскажа основачот на шкотската хуманитарна организација, Магнус Мек Ферлан-Бероу, кој добил дрес од хрватската репрезентација со потпис од Модриќ.

„Во 2019 година ја посетивме Хрватска и тогаш ме изненадија со подарок дрес. Се израдував, а кога го завртев и го видов и потписот на Лука Модриќ бев пресреќен. Не знаев дека и тој бил меѓу децата што добивале помош од нас“, изјави Мек Ферлан-Бероу.

Организацијата „Мери милс“ секојдневно храни над 2 милиони деца со оброци, а помага во 19 земји. Меѓу нив во виорот на војната во Југославија пред три децении бил и Модриќ, кој не заборави и со прекрасен гест им се заблагодари на хуманитарците за помошта.

- Оглас -

Најнови вести