Модриќ се пофали со својот „електричен ѕвер“ на две тркала (Фото)

Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ, на „Инстаграм“ објави фотографија на која тој по едно ноќно возење низ Мадрид, позира на велосипед од марката „Грејп“, компанија на хрватскиот бизнисмен Мате Римац, која прави електрични велосипеди.

Велосипедот на Модриќ може да достигне максимална брзина од 70 километри на час, а може да се поминат 120 километри. Хрватските и шпанските медиуми објавија дека цената на овој велосипед е минимум 9.000 евра, а има и една ексклузивна серија „Грејп Г6 Х лимитед“ само од 100 модели од овој тип кои се продаваат за 14.000 евра и Модриќ има токму таков.

Велосипедот има тркала од јаглен, електричен мотор, ГПС, безжичен интернет, камера на задниот дел, итн.

- Оглас -

Најнови вести