Модрите го почувствуваа домашниот терен на Адеми и Ристовски (фото+видео)

За Аријан Адеми, капитенот на Динамо, како и капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски, теренот на Националната арена важи за домашен терен, а по прес-конференцијата и нивните соиграчи од составот на Модрите ја почувствуваа скопската трева.

Динамо го одработи официјалниот тренинг на „Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот реванш против Шкупи во европските квалификации. Резултатот од „Максимир“ е 2-2, па иако избраниците на Чачиќ повторно се фаворити, се очекува македонскиот првак уште еднаш да одигра лавовски и да приреди изненадување.

- Оглас -

Најнови вести