Модрите само за четири дена по вторпат слават минимална победа над сплитските Били

Фудбалерите на Динамо Загреб обезбедија пласман во финалето на Купот на Хрватска откако во полуфиналето со 1:0 беа подобри од најголемиот ривал, Хајдук Сплит.

Ова е втора победа на Динамо Загреб само за четири дена над Хајдук, и тоа во Сплит, претходно во саботата исто така остварија минимална победа во рамките на хрватскиот шампионат.

Овојпат Динамо славеше благодарение на голот на Куленовиќ во 15-тата минута.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, се најде во првиот тим на Динамо и во 90-тата минута беше заменет, додека на спротивната страна, Александар Трајковски, влезе во игра во 64-тата минута.

Динамо Загреб во финалето на Купот на Хрватска ќе игра против Риека, која во првото полуфинале славеше над Локомотива Загреб со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести