Моја или твоја – Никој не викна и Жирона го прими најсмешниот гол во Ла Лига (Видео)

Жирона го почна катастрофално лошо својот прв меч во Првата шпанска лига против Алмерија и веќе губи со 2:0 само по 20 минути игра, а вториот гол беше еден од најсмешните сезонава во Европа.

Колумбиецот Бернардо погрешно ја процени ситуацијата по дегажманот на домашниот голман Мартинес и не се разбра со својот голман Хуан Карлос и падна веројатно и најсмешниот гол во новата сезона во Ла Лига.

Ел Билал Туре само го искористи недоразбирањето на гостите во 17-тата минута и погоди за 2:0.

Голот на Ел Билал можете да го погледнете ОВДЕ. Првиот гол на мечот што е и прв меѓусебен прволигашки во историјата на двете екипи го постигна Лео Баптистао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести