Молдавија ни покажа како треба да играме против Косово

Фудбалската селекција на Косово се спаси од пораз на гостувањето кај Молдавија со реми од 1-1 на стартот од новиот циклус во Лигата на нациите. Молдавците ни покажаа како се игра против косовската репрезентација и ова реми ни дава надеж дека македонските фудбалери ќе може да го надиграат составот на Чаландес.

Домаќините по погодокот на Николаеску во 20-тата минута ја држеа предноста до последните дваесетина минути од мечот. Косово притискаше и стигна до израмнувачки гол преку Коколи во 71-вата минута. Гостите статистички доминираа и сметаа дека заслужуваат триумф, меѓутоа упорноста не им го донесе посакуваниот резултат.

Косово ќе ѝ гостува на Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 8 октомври, за кога е закажан полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести