Молњата ќе удри силно и во Филаделфија

Ноќта меѓу вторник и среда се играат девет натпревари во НХЛ-лигата, од нив издвојуваме пет парови кои може да се земат предвид за типување.

Филаделфија флаерс – Тампа беј лајтнинг (01:00 часот)

Тампа беј вчера одигра според очекувањата – убедлива победа над Колумбус (5-1) за продолжување на победничката серија на шест меча. Ноќеска одново гостуваат, овојпат во Филаделфија, а и против Флаерси се фаворити, особено што против нив не знаат за пораз веќе четири пресметки. Се очекуваат полни мрежи бидејќи на последните седум меѓусебни дуели редовно се постигнуваа шест или повеќе гола.

Предлог тип: 2 & 5+ (2.46)

 

Сент Луис блус – Торонто мејпл лифс (02:00 часот)

Хокеарите на Торонто ги очекува исклучително тешка задача, да го спречат тимот на Сент Луис да не ја оствари 11-тата последователна победа. Мисијата за „јаворовите листови“ ќе биде речиси незовможна бидејќи многу тешко им оди против екипата од Мизури, пет порази во низа не се учинок за фалање. Што се однесува за Сент Луис, тие се во импресивната серија, во просек постигнуваат повеќе од четири погодоци, а по трите победи на гости во низа, ќе сакаат да ја израдуваат и домашната публика.

Предлог тип: 1-1 (3.85)

 

Њу Џерси девилс – Питсбург пингвинс (01:00 часот)

„Ѓаволите“ сезонава не функционираат како што треба, но барем знаат како да се справат со тимот од Пистбург. Иако „пингвините“ се фаворити на хартија за оваа средба, нивната форма не ветува дека ќе ја оправда таа улога. Голови не би требало да недостигаат, но Њу Џерси оваа сезона е поефикасен кога игра надвор од дома.

Предлог тип: <6.50 (1.80)

 

Mинесота вајлд – Анахејм дакс (02:00 часот)

Минесота треба да искористи тоа што „патките“ во овој дуел ќе влезат десеткувани, а воедно да стават крај на серија од четири меча без победа. Ниту Анахејм не е во форма, само две победи во последните 10 средби покажува колку всушност се ранливи во одбраната. Според меѓусебните пресметки во последниве неколку години, само еднаш се постигнале повеќе од пет погодоци, во победата на Минесота со 5-1, додека на останатите средби таа граница не се надминувала.

Предлог тип: <5.50 (1.80)

 

Далас старс  – Нешвил предаторс (02:30 часот)

Предаторите од Нешвил во изминатиов период делуваат непрепознатливо, само еден триумф од последните пет средби не е посакуван учинок за екипа која мисли да се бори за првите места на Западот. И „ѕвездите“ се во многу слична позиција, па и тие ќе сакаат да го поправат учинокот.

Предлог тип: X пол. (2.65)

- Оглас -

Најнови вести