Момче-херој од САД ќе биде специјален гостин на Барса-Лион

Ентони Боргес, 16-годишно момче од САД, ја прифати поканата од Барселона да биде специјален гостин на осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион откако пред една година спаси неколку училишни другари во масакрот во Паркленд на Флорида.

Херојот Боргес ќе биде меѓу оние 90-тина илјади фанови кои вечерва ќе бидат на „Камп ноу“, а поканата ја доби бидејќи изјавуваше дека животна желба му била да игра за Барса. Ентони бил член на фудбалската академија на Каталонците, па клубот му го плати лекувањето.

Инаку, за време на масовното убиство во училиштето (имаше 17 жртви, од кои 13 ученици), кога 17-годишниот убиец дошол до училницата во која бил и Ентони и почнал да пука, ова момче легна преку другарите, за да ги заштити и ризикувал повеќе куршуми да завршат во неговото тело.

Ентони бил погоден дури од пет куршуми, но имал неверојатна среќа и за чудо преживеа, а никој од неговата училница не го загуби животот. По 13 операции, Ентони закрепна и вечерва ќе биде ѕвезда на трибините.

- Оглас -

Најнови вести